Во Јапонија сексот е губење време! Печати Е-меил
[23-06-2006 | 18:07 часот]
 Според резултатите од неодамна спроведеното истражување, дури 31% од луѓето на возраст меѓу 16 и 49 години, секс имаат еднаш месечно или поретко! Испитаниците се изјасниле дека нема посебна причина за тоа, ниту вистинско објаснување! Јапонците немаат...

...редовни сексуални односи, а во извештајот на Организацијата за планирање на семејството се наведува дека таа нација е во сексуална криза.

Директорот на Организацијата за планирање на семејството Кунио Китамура изјави дека Јапонците се повеќе се сексуално инертни.

Китамура смета дека причина за тоа е што големата популација воркохолици, сексот го сметаат за губење време, додека дури 44% од Јапонците сметаат дека врската со спротивниот пол едноставно ги заморува.

Стапката на фертилитетот во Јапонија минатата година го достигнала својот минимум бидејќи жените просечно раѓаат 1,25 деца. За да се одржи наталитетот на една нација потребно е таа бројка да изнесува барем 2,1.

 
 
 


Градиште 2008