Марихуаната "суши" мозок Печати Е-меил
[04-06-2008 | 00:15 часот]
 Австралиски научници од универзитетот во Мелбурн, докажаа дека долгото конзумирање на марихуана ги уништува деловите од мозокот кои се одговорни за...

... памтење, емоции и агресија.

Пет џоинти на ден во период од 10 години, го намалува хипокампусот и амигдалата - делови од мозокот кои се одговорни за емоциите, меморијата и контролата на агресијата.

Кај зависниците од марихуана, хипокампусот е намален за 12%, а амигдалата за повеќе од 7%.

Исто така биле анализирани и говорните вештини кај испитаниците, при што е  утврдено дека зависниците имаат многу полоша контрола на вербализацијата.