Стероиди за најбрзиот - Ferrari Enzo Печати Е-меил
[04-06-2008 | 22:43 часот]
 Германскиот специјалист за екстремен тјунинг Edo Competition продолжи во свој стил. Овој пат на тапет е Ferrari, и тоа неговиот највреден модел. Моделот...

... Ferrari Enzo по преработката развива уште поголема моќност.

Станува збор за 700КС односно 39КС повеќе од стандардот, па на оваа егзотика за забрзување сега и требаат само 22 секунди, нормално до 300км/ч, додека до 200км/ч му требаат само 9,5 секунди.

Модификациите опфатиле дел од електрониката, издувниот и усисниот систем, и каросеријата.

Стандардните фелни се заменети со 19 на предните, и 20 инчни на задните тркала, а за контакт со подлогата се задолжени Мишелинки со димензии 265/35 R19 односно 335/30 R20.

Со оглед на тоа дека Enzo е ограничен на 400 примероци, тјунинг компанијата нема да ја вметне оваа варијанта во сериска понуда, туку само по нарачка.