Нова мамка или надеж? Американските научници го претставија револуционерното достигнување во борбата со прекумерна тежина. Уред кој...
... го замрзнува поткожното сало, а на тој начин го разградува. На неодамнешниот конгрес на Американското здружение за ласерска медицина и хирургија, е претставен уред за "ладно" убиство на естетскиот непријател број 1 - салото. Борбената тактика се нарекува криолиполиза. Со оваа техника длабински се лади салото и масните келии се убиваат, а потоа се излачуваат преку различни метаболитични патишта. Околното ткиво, мускулите и нервите остануваат недопрени. Методата се покажа како успешна кај јукатанските свињи (вид, кај кој кожата и структурата на мастите се слични како кај луѓето). Тие изгубиле неверојатни 30% од мастите по само еден третман на повеќе делови од телото. Технологијата која е произведена за ваквите третмани ќе биде регистрирана од фирмата Zeltiq Aesthetics, откако ќе поминат клиничките испитувања на луѓето. |