Rolls-Royce во пониската класа Печати Е-меил
[05-06-2008 | 23:18 часот]
 Британскиот производител на луксузни автомобили Rolls-Royce, кој е во сопственост на BMW, ги обелодени деталите за новата лимузина која би...

...  требало да го пополни сегментот на автомобили помали од моделот Phantom.

Новиот популарен "бејби Ролс", официјално наречен RR4, ќе биде опремен со специјален мотор кој ќе се произведува во фабрика во Goodwood, на југот на Англија.

Лансирањето на новиот модел е планирано за 2010 година.

Сегашниот модел на лимузината Phantom и купе со две седишта користат мотор V12 превземен од германсиот BMW, во оклоп кој го испраќа Rolls-Royce.

Претседателот на компанијата Rolls-Royce, Ian Robertson, изјавил дека новиот модел е изграден за да се зголеми продажбата на оваа марка, која во моментов се натпреварува на пазарот на ултра луксузни автомобили со брендовите на Bentley и Maybach.

Новиот мал Rolls-Royce ќе чини помеѓу 250.000 и  280.000 долари.

Луксузниот бренд сега продава околу 1.000 автомобили годишно, и веќе долго време се обидува да ја надмине оваа граница.