Наскоро од Peugeot - 308 RC Z Печати Е-меил
[07-06-2008 | 00:24 часот]
 Peugeot се повеќе ја припрема јавноста за својот нов концепт 308 RC Z, кој претставува инвестиција од половина милион евра. Peugeot 308 RC Z концептот го краси...

... атрактивен изглед од типот на Audi TT, долг е 4,276 метри, широк 1.840 метри и висок 1,320 метри.

Придвижуван е од комплетно нов турбо бензински 1.6 мотор развиен во соработка со BMW, кој развива 218КС.

Максималната брзина на 308 RC Z е 235 километри на час, а до 100км/ч, му требаат само 7 секунди.

Иако моторот надминува 200КС, средната потрошувачка ќе се движи од 6,7 литри на 100км, а загаденоста ќе ги исполнува и најстрогите стандарди.

И покрај бројните алуминиумски детали, тежината на автомобилот не надминува 1200 килограми.

Внатрешноста на овој модел изобилува со кожа и хромирани и алуминиумски детали, а надворешниот супер дизајн го надпополнуваат широките 19-инчни фелни.

Комерцијализацијата на 308 RC Z се очекува за следната, односно 2009-та година.