Среќните луѓе потешко се дебелеат Печати Е-меил
[08-06-2008 | 23:21 часот]
 Среќните луѓе не бараат утеха во храната, односно - доброто расположение е клучен фактор за успехот на било која диета. Новото истражување покажува...

... дека нивото на серотонинот во нервниот систем влијае на исхраната и маснотиите во телото.

Серотонинот е невротрансмитер кој помеѓу другото, го контролира и јадењето и распределувањето на внесените калории, односно нивното трошење или складирање.

"Ова покажува дека нервниот систем е клучен регулатор на сите процеси поврзани со енергијата", изјавил докторот Kaveh Ashrafi од универзитетот "California" во Сан Франциско.

"Во иднина може да се развијат терапевтски стратегии, со кои ќе се манипулира метаболизмот на мастите без оглед на тоа што сме јаделе.", објаснил Kaveh Ashrafi.