|
Со кафето против рак на кожата |
|
|
|
[09-06-2008 | 01:02 часот] |
Докторот Ernest Abel од универзитетот "Wayne" спровел истражување за влијанието на кафето врз ракот на кожа, кај повеќе од 77.000 жени во САД...
Жените биле набљудувани во долготраен период од 1990-та година. Кога жените се приклучиле на испитувањето, им биле поставувани многу лични прашња за начинот на живот, како и за секојдневните навики вклучувајќи колку кафе и чај пијат дневно. Резултатите од истражувањето покажуваат дека секоја лажичка кафе со кофеин, е поврзана со 5% помала веројатност за појава на карцином на кожата. Оние кои пиеле до 6 лажички кафе на ден, имале до 30% помалку изгледи да заболат од карцином на кожата. Напротив, кафето без кофеин и чајот, не се поврзани со појавата на карцином на кожата. Експертите кои претходно го поврзувале карциномот на кожата со вежбањето, односно позитивниот ефект на физичката активност против појавата на карцином, сега истакнуваат дека физичката активност директно не го намалува ризикот од карцином на кожата. |