|
Млада мајка = долговечно дете! |
|
|
|
[25-06-2006 | 00:34 часот] |
Поголеми се шансите да го доживеете стотиот роденден ако вашата мајка ве родила млада, откриваат Американските научници! Возраста на која мајката раѓа има големо влијание на тоа колку нејзиното дете ќе живее. Шансите да доживеете ока старост над сто години се...
... два пати поголеми доколку вашата мајка ве родила пред нејзиниот 25-ти роденден! - тврдат професорите од универзитетот во Чикаго. Додека возраста на таткото е занемарлива околу долговечноста. Студијата покажа дека и редот по кој се раѓаат децата има влијание. Првородените, особени ќерки, имаат поголеми шанси да го доживеат стотиот роденден - во споредба со другите деца.  |