И здравата храна има граници Печати Е-меил
[10-06-2008 | 00:18 часот]
 Дали јадете доволно здрава храна, или претерувате со "здравиот" избор? Одредете ги нормалните дози на одредени производи, бидејќи претерувањето со...

 

... одредена здрава храна - има "нездрави" ефекти.

Чај

Флавоноидите кои се присутни во чајот, допринесуваат за заштита против срцевите заболувања. Минималната доза подразбира 3 шољи чај неделно, без оглед дали е топол или ладен.

Вашето тело ќе ја поднесе претераната количина на антиоксиданси , но водете сметка за кофеинот. Повеќе од две шољи чај дневно можат да предизвикаат висок крвен притисок.

Јогурт

Многу јогурти содржат пробиотика, добра бактерија која го зајакнува имунитетот, помага за намалување на грчевите во стомакот и надуеноста.

Препорачливо е да се внесува до 30 грама дневно од овој млечен производ.

Ако сте склони кон надуеност, немојте да конзумирате јогурт повеќе од 2 пати дневно, бидејќи е можно да сте осетливи на млечни протеини.

Риба

Одредени врсти на риба на вашиот организам ќе му донесат омега-3 масни киселини, кои помагаат и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ја одржуваат нормалната функција на мозокот.

Јадете до стотина грама риба, до три пати неделно.

Соја

Сојата е одличен извор на протеини, но научниците не се сложуваат околу способностите на оваа намирница за борбата против ракот и срцевте заболувања.

Јадете до 20 грама соја дневно, бидејќи според некои студии сојата го зголемува ризикот за рак на дојка кај одредени жени.

 
 
 


Градиште 2008