IBM го најави новиот супер компјутер Печати Е-меил
[11-06-2008 | 00:07 часот]
 Владата на САД има намера за надзор на американскиот нуклеарен арсенал да го ангажира најбрзиот компјутер во светот. Министерството за енергетика...

... наведува дека овој супер компјутер ќе го произведе IBM, и ќе го инсталира во владината лабараторија Los Alamos во Ново Мексико.

Покрај надзорот на нуклеарните боеви глави, компјутерот ќе работи и на решавање на глобалните енергетски проблеми.

Во компјутерот наречен "Roadrunner", главниот збор ќе го имаат Opteron чиповите на AMD, а брзината ќе биде два пати поголема од досегашниот најбрз супер компјутер BlueGene.

Новата машина за една недела ќе може да направи пресметка која на најбрзиот супер компјутер од 1998 би траела 20 години.

Новиот "Roadrunner" ќе зафаќа површина од 600 квадратни метри и ќе тежи повеќе од 225 тони.

 
 
 
Madonna



18 септември - Скопски саем