За добра линија, и здрави коски Печати Е-меил
[11-06-2008 | 00:34 часот]
 Експерти од универзитетот Илиноис, открија каква исхрана е потребна во текот на диетата со цел да се заштитат коските, а истовремено и ефикасно да...

 

... се изгубат вишокот килограми.

Сите оние кои сакаат да се ослободат од масното ткиво, а да го сочуваат здравјето и коските, би требало да се хранат со намирници богати со протеини како што се белото месо и нискокалоричните млечни производи.

Тоа се намирници кои се богати со проитеини, но и со калциум.

Експертите тврдат дека луѓето кои сакаат да ја намалат својата тежина, преку диетата често ја губат и коскената маса, што го зголемува ризикот од појава на остеопороза.

Исхраната богата со протеини ја чува мускулната маса и помага за одржување на ниското ниво на шеќер и липиди, а ја подобрува и складноста на телото, бидејќи посебно го погаѓа масното ткиво во пределот на стомакот.

Експертите предлагаат внесувањето на дневната доза калории во телото да биде 30% од бело месо и немасни млечни производи.