Нов препарат за раст на трепките Печати Е-меил
[11-06-2008 | 22:44 часот]
 Американската компанија Allergan, која го произведе познатиот ботокс (препарат кој со грчење ги "брише" борите на лицето) соопшти дека работи на...

... развој на препарат за раст на трепките.

Компанијата ги заврши клиничките испитувања на лекот "биматопрост", синтетичка верзија на хормонот кој ги стимулира жлездите кои се наоѓаат во коренот на секоја трепка.

Новиот револуционерен производ би можел да се најде во продажба на американскиот пазар до 2009-та година.

Американскиот производител се надева дека новиот третман ќе биде успешен во естетската хирургија како ботоксот, кој беше одобрен во 1989 година како лек против грчење на мускулите околу окото, a секундарен ефект е исчезнувањето на брчките.

Од Allergan се надеваат дека новиот производ за раст на трепките, ќе им го збогатува контото за половина милијарда долари годишно.