Штрумфовите - на големото платно Печати Е-меил
[11-06-2008 | 23:38 часот]
 Студиото "Columbia Pictures" ќе сними филмска адаптација на стриповите за Штрумфовите, кои се родени пред околу 5 децении. "Штрумфовите се меѓу...

 

... омилените анимирани ликови во светот, и еден од најпознатите брендови во таа бранша.

Многу сме среќни што на новите генерации ќе им ги претставиме сите ликови од Штрумфовите", соопшти претставникот на студиото Doug Belgrad.

Продуцентот Jordan Kerner, изјавил дека сеуште е неизвесно кога филмот (комбинација на анимации и играни содржини) ќе се појави во кино салите.

Peter Culliford, првиот стрип за Штрумфовите го објави 1958 година, а пошироката јавност се запозна со Штрумфовите преку цртаните филмови кои од 1981 до 1990-та се прикажуваа на телевизијата NBC.

Скоро да нема држава во светот, која во споменатиот период не ги прикажуваше популарните цртани со Штрумфовите.

 
 
 


Градиште 2008