|
Диско кралицата Murphy во Хард Рок |
|
|
|
[12-06-2008 | 14:49 часот] |
Roisin Murphy, авангардната диско кралица како што ја нарекуваат во Британскиот печат, оваа сабота (14 јуни) ќе...
... одржи концерт во летниот клуб Хард Рок. Да ве потсетиме. По распаѓањето на Молоко, Roisin издаде два соло албума – "Roby Blue" и "Overpowered" кои експлодираа насекаде низ светот, посебно последниот албум "Overpowered". Сведоци сме дека сингловите од тој албум – "You know me better", "Movie star", "Cry baby" и посебно "Let me know" станаа апсолутни хитови како на нашите радио станици така и на светските топ листи и музички телевизиски канали. Дека Roisin во моментов е поголема од било кога доказ е нејзината концертна агенда за престојното лето од која може да се види дека таа настапува на сите големи светски фестивали... Само некои од нив се... V Festival во Австралија, Pink Pop во Холандија, Rock im Park во Германија, Rockness во Шкотска, Sonar во Шпанија, Oxegen во Ирска, Sziget во Унгарија… Се сликаме во Хард Рок! ;)
|