Последен концерт на Џорџ Мајкл Печати Е-меил
[12-06-2008 | 22:33 часот]
 Британската ѕвезда Џорџ Мајкл, објави дека во август во Лондон ќе ги одржи последните два големи концерти во својата кариера. Пеачот најави дека ќе настапи...

 

...  во Лондон на 24 и 25 август, по повод завршувањето на турнејата "25 Live Tour" која ја започна пред речиси две години во Барцелона

Последните негови два големи настапи ќе го носат името "The Final Two".

"George Michael повеќе нема да настапува во големи арени. Ова се последните 2 историски концерти во неговата кариера пред бројна публика", изјави неговата потпаролка за медиумите.