|
Среќен брак - мирен сон |
|
|
|
[12-06-2008 | 22:40 часот] |
Проблемите во бракот можат да донесат многу проблеми со спиењето, пишува LiveScience. Експертите откриле дека жените кои се во среќен брак спијат...
... многу поцврсто од жените кои ги мачат брачни проблеми. Жените во среќен брак имаат голема веројатност подобро да се одморат во текот на ноќта, во споредба со жените од несреќните бракови. Истражувањето било спроведено на 2000 жени во брак, кои во просек биле на возраст од 46 години. Резултатите покажуваат дека жените кои немаат поголеми брачни проблеми многу полесно заспиваат и поретко се будат во текот на ноќта. "Бракот може да има благотворно дејство на сонот, но само ако е добар и среќен. Несреќниот брак може да биде ризичен фактор за пореметување на сонот", објасни Wendy M. Troxel, предводник на истражувањето. |