|
Машина за облаци по желба (фото) |
|
|
|
[12-06-2008 | 23:37 часот] |
Francisco Guerra е иноватор во Hollywood специјализиран за специјални ефекти, кој успеа да направи машина која "произведува облачиња" во секаква форма и големина..
Неговата компанија Snowmakers, на клиентите им нуди изработка на логоата, односно - "Flogos" во секаква големина или форма која клиентите ќе ја побараат. "Flogos" формите се направени од сапуница и хелиум гас, а можат да достигнат и големина од над 1 метар. Ја задржуваат прецизната форма и може да "патуваат" до 30 милји, и да достигнат височина и до 6.000 метри. Guerra истакнува дека овој маркетиншки систем е исклучително безопасен за околината, во споредба со останатите (слични) начини на рекламирање. 


 |