Umek - Скопско Лизгалиште (гратиси) Печати Е-меил
[15-06-2008 | 16:26 часот]
 Урош Умек е познат дј и продуцент од Словенија, кој ги освојува широките маси повеќе од една деценија. Често барајки...

... нови звуци и решен да го победи секое постоечко клише во музичката индустрија, успева да ја дефинира својата визија во техно авангардата.

Сигурно ова не се случува без поддршка на пријателите како Recycled Loops, Consumer Recreation и Astrodisco кои му се придружија во проектите за продукција, со кој го истакна словенскиот техно звук и го направи познат на клабинг сцената во целиот свет.

Неговиите остварувања во минатото го убедија Умек да не застане тука.

Така не беше изненадување одлуката да го обнови целосно стилот и  изведбите во живо иако беше стабилен член на листата на 100 најдобри дј во последните 10 години.

2007 година одбележува почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера.

Трошејки многу време и уметничка енергија за да го донесе на друго ниво неговиот карактеристичен звук, Умек го презентираше неговиот нов меѓународен проект 1605- Sixteenofive.

Без сомнеж тоа беше ризичен потег но и единствен начин да остане во игра.

Изгледа дека беше добра одлука направена во соодветен момент: одговорот на неговата нова музичка електронска  мисија  беше позитивен како од пријателите така од критиката и мас-медиумите а неговата работа е подржана од големите имиња во музичката индустрија.

Повеке за неговиот нов стил Astrodisco ке дознаеме во сабота на 21 јуни кога Умек ке гостува во Скопје на Скопското лизгалиште!

 

ЗаЗабава за оваа супер журка ќе додели 10 карти!

Се што треба да направите е да испратите СМС на 070 141 746 со следнава содржина:
Umek - Име и презиме !

Добитниците ќе бидат објавени во оваа вест (петок) до 17 часот.

------------------------------- 

Добитници на гратис карта се:

Umek - Maja Risteska
Umek - martina damjanovska
Umek - Nikolova Liljana
Umek - Biljana Velinova
Umek - Nadica Lisickova
Umek - Vlatko Zaevski
Umek - Bojan Georgievski
Umek - Ivan Jovanov
Umek - Berislav Pap
Umek - Goran Petrovski

Вашите податоци ќе бидат на список на врата. Понесете идентификација!

 
 
 
Jungle TV