|
Големиот плејбој од Ф1 се ожени |
|
|
|
[15-06-2008 | 23:33 часот] |
Големиот плејбој и директор на Renault во F1 - Flavio Briatore, во саботата се венчаше во Рим со својата 30 години помлада девојка - Elisabettа Gregoraci....
На церемонијата која се одржа во близина на базиликата Свети Марко, присуствуваа над 300 гости, меѓу кои и поранешниот шпански премиер и италианскиот шеф на владата Silvio Berlusconi.
Шпанскиот првак Fernando Alonso, беше зад воланот на автомобилот во кој младенците се прошетаа низ Рим. Венчаницата на невестата имала вел долг 7 метри, а за изработката на венчаницата се потрошени над 500 часа. "Возбуден сум како пред почетокот на некоја трка за Grand prix", изјавил 58-годишниот младоженец. Briatore е позната фигура во светскиот џет сет, а таблоидите одсекогаш му препишувале љубовни врски со ѕвезди како што се Naomi Campbell, Nicole Kidman и Heidi Klum. 

 |