|
Битолчанки се тркаа на штикли |
|
|
|
[15-06-2008 | 23:54 часот] |
Битола стана град на најнеобичните трки на нашето поднебје. Покрај трките на келнери и трката со магариња, во петокот за прв пат се организираше атрактивната..
... трка со штикли. На Широк сокак, битолчанките имаа можност да ги покажат своите спринтерски способности под еден единствен услов - да имаат штикла од минимум 8см. Иако без поголем број на натпреварувачки (само 13), огромниот интерес воопшто не изостана. Победничките освоија парични награди, а организаторите задоволни од интересот, се надеваат дека овој хепенинг ќе стане традиционален.  |