|
Пушењето влијае на помнењето |
|
|
|
[16-06-2008 | 00:17 часот] |
Луѓето кои пушат во периодот од 35 до 55 години од животот, ја загрозуваат својата меморија и способност за заклучување. Француски експерти анализирале...
... повеќе од 10.000 јавни работници во Лондон, кои учествувале во истражувањето. Луѓето биле на возраст од 35 до 55 години. Оние кои пушеле во своите средни години имале полоши резултати на тестовите за меморија, заклучување и на тестовите за вокални и вербални способности. Додека оние кои се одлучиле да ги остават цигарите пред својата 35-та година, имаат за 30% подобри резултати, од пушачите. Истражувачите откриваат дека оние кои ги оставиле цигарите имаат и подобри здрави животни навики, како што е намалената конзумација на алкохол, повеќе физичка активност или поздрава исхрана. |