Неуништлив мобилен од Motorola Печати Е-меил
[16-06-2008 | 23:16 часот]
 Новиот мобилен телефон на американскиот производител Motorola, под името MC75, не го карактеризираат компактни димензии, тенок и елегантен..

... изглед, мала тежина ниту стилски дизајн.

Новиот мобилен Motorola MC75  ја исполнува својата основна задача – речиси е неуништлив.

Motorola MC75 спаѓа во категоријата EDA (Enterprise Digital Assistant), и е наменет специјално за тешки услови за работа на терен.

Мобилниот ги комбинира брзиот пристап за говор и податоци со поддршка на 3G мрежата заснована на HSDPA и CDMA-EVDO (Rev A) стандардите за безжична комуникација.

Отпорниот EDA уред, нуди безжично приклучување на интернет со помош на WiFi 802.11a b/g стандардот.

Motorola MC75  има процесор "Intel", модел XScale PXA270 со фрекфенција од 624 MHz, а работи на оперативниот систем Microsoft Windows Mobile 6.0.

Според очекувањата, MC75 на пазарот ќе биде достапен во последниот квартал од оваа година.