|
На врвот на Taipei101 за 10 минути |
|
|
|
[16-06-2008 | 23:32 часот] |
 Германскиот атлетичар Thomas Dold (23), претрча 91 кат по скали за само 10 минути и 53 секунди. Трката беше одржана на највисоката зграда во светот...
... Taipei 101 во Тајван. Thomas кој е специјалист за исцрпувачки трки по скали, оваа година ја освои и првата награда на трката која беше одржана на Empire State Building во Њу Јорк. На последната трка во Тајван, на која претрча преку 2046 скали, заработи 200.000 тајвански долари. Оваа година, околу 2500 луѓе учествуваа на популарната трка на облакодерот Taipei 101. Во женска конкуренција победи Lee Hsiao од Тајван, која стигна на 91 спрат за 14 минути и 53 секунди.  |