EURO'08 го уништи сексот Печати Е-меил
[16-06-2008 | 23:40 часот]
 Според анкетата на Институтот за маркетинг при виенскиот универзитет, 30% од Австријците сметаат дека европското фудбалско првенство...

.. негативно се одразило на нивниот сексуален живот.

Во анкетата учествувале 1.500 лица, од кои само 14% се изјасниле дека натпреварите не влијаеле на нивната сексуална активност.

"Иако многумина тоа не сакаат да го признаат, EURO сигурно се одразува и на работниот и на сексуалниот живот на Австријците", истакна Reinhard Grohs, еден од авторите на анкетата.

Една третина од анкетираните, поради фудбалската манија не очекуваат проблеми во врската, а само мал процент сметаат дека поради EURO'08 може да им се случи и раскинување на врската.

Скоро 70% од анкетираните изјавиле дека го следат европското првенство, а 37% од испитаниците изјавиле дека ги следат сите натпревари.

Поради EURO, 11% од анкетираните земале годишен одмор или слободни денови од работа.

 

 
 
 


Градиште 2008