Бајкерски фестивал во Скопје Печати Е-меил
[17-06-2008 | 01:04 часот]
 Овој викенд (20-22 јуни) по повод 10 годишнина на единствениот кастом бајк клуб во Македонија POTFAT MC ќе се одржи интернационален бајкерски...

 

... фестивал.

Во петок забавата почнува од 20 часот. Во сабота преку ден ќе има натпревари од забавен катактер, а од 20 часот повторно ќе има бендови и одлична забава.

Фестивалот веќе е прераснат во традиционален настан, кој изобилува со настани како мото шоу, перформанси во живо, изложбa на custom bike уметноста, музички бендови и други забавни елементи.

И оваа година, овој настан ќе биде широко опсежен, викенд фестивал, насочен кон животниот стил на урбаните луѓе.

Клубот организатор, е базиран во Скопје, и негова тенденција е овој настан да остане во околината на истиот град.

Фестивалот ќе биде лоциран на средно водно, во кампот "Даре Бомбол" во сопственост на Црвен Крст - Скопје.

Покрај бендовите кој ќе ги забавуваат присутните за целото време на собирот, PMC ќе организира и бајкерски игри и натпревари од забавен карактер:

Ловење Јаболко, Пијан Морков, Влечење Јаже, Гладијатори, Брзо Пиење Пиво, Најголем Пивски Стомак и др.

Пријавувањето за бајкерските игри и надпревари ќе се одржи на самиот собир, и предходно ќе бидат објаснети правилата.

Наградите се симболични, а право на пријавување имаат сите присатни, како поединци или клубови.

Секако главен акцент како и до сега ќе се стави на Custom Bike натпреварот за кој ќе се доделат награди во повеке класи.

 
 
 
Jungle TV