Картите за Кравиц, само 1000 денари! Печати Е-меил
[17-06-2008 | 01:34 часот]
 Авалон од вчера ги пушти влезниците за најголемата журка закажана за ова лето! Карта за концертот на светската...

... ѕвезда Лени Кравиц ќе чини само 1000 денари, што е неверојатна цена за концерт и музичко име од ваков калибар.

Картите за ВИП делот односно седење, чинат 1200 денари.

На барање на фановите на Лени ќе има специјален простор за нив пред самата сцена, а од тоа место гледањето на концертот ќе чини 1.500 денари.

Кравиц, кој се нарекува себеси министер за рок-музика, на светската турнеја го промовира седмиот по ред албум It's time for a love revolution.

Турнејата завршува на 1 ноември во Калгари.

Албумите на популарниот музичар препознатлив по рефрените "Let love rule", "Mama said", "Are You gonna go my way" се продадени во над 20 милиони копии, а тој има освоено многу музички признанија меѓу кои и "Греми" за најдобар рок-изведувач. 

 

 
 
 
Jungle TV