Кога е во прашање сексуалното возбудување, поглед на машко голо тело за хетеросексуалните жени е еднакво возбудливо како и наблудувањето на...
... мртва природа - тврди Meredith Chivers врз основа на најновите истражувања. Во студијата на dr. Chivers се мерело гениталното возбудување на луѓето при гледање видео клипови со голи мажи и жени во различни сексуални и несексуални ситуации. Што е Аполон наспроти Афродита? Истражувачите откриле дека хетеросекуалните жени еднакво (не) се возбудуваат гледајќи мускулест, маркантен маж како вежба јога и гледајќи планинар во голема зимска јакна закопчана до заби. Ситуацијата драстично се менува кога набљудуваат голо женско тело, тогаш крвта во телото почнува забрзано да се движи. Кога се во прашање филмчиња во кои се прикажуваат сексуални активности, хетеросексуалните жени покажале дека за возбудувањето не им игра улога полот кој се прикажува, туку различните активности. Имено, подеднакво се возбудливи филмови со мастурбирање и секс, независно дали во нив глумат хетеросексуални парови, жени или само мажи. Dr. Chivers нагласува дека истражувањата на човечката сексуалност се повеќе укажуваат на тоа дека женската сексуалност е некаде помеѓу хомосексуалноста и хетеросексуалноста. Сексолозите се повеќе веруваат дека женската сексуалност е флуидна, но тврдат дека машката не е. Флексибилна сексуалност Откако испитаниците ги изгледале филмовите, Dr. Chivers со нив и разговарала. На молбата самите да го оценат степенот на нивното возбудување при гледањето на различните видови филмови, и хомосексуалните и хетеросексуалните жени за повозбудливи ги оцениле филмовите на кои се прикажувале жени. Зошто хетеро жените сексуално ги возбудуваат други жени? Тоа не е појава која се јавува кај мажите, без разлика дали се геј или хетеросексуалци, или кај лезбејките, тие се возбудуваат гледајќи снимки исклучиво со преферираниот пол, открива Dr. Chivers. Научниците не сакале истражувањето да го заклучат со изјава дека жените се склони кон бисексуалност, затоа што тврдат дека таков заклучок би бил преедноставен и неточен со оглед на комплексноста на целокупната женска сексуалност. |