Од ауспухот на Honda, само пареа Печати Е-меил
[18-06-2008 | 00:07 часот]
 Јапонскиот авто гигант Honda, по промоцијата во понеделникот започна со комерцијално производство на својот нов автомобил FCX Clarity кој работи на...

 

... електрична струја и хидроген и не испушта никакви гасови, освен водена пареа.

FCX Clarity испушта само водена пареа, и ниту еден од гасовите за кои се сметаат како главна причина за глобалното затоплување.

Од Honda изјавуваат дека возилото има два пати подобри енергетски резултати отколку хибридите на гас и струја, и три пати во однос на автомобилите кои работат на бензин.

Возилото на почетокот на јули, ќе биде понудено на ограничен број од само 200 примероци, прво во Калифорнија, а потоа и во Јапонија.

Најголеми пречки на патот на новиот автомобил се цената и недостатокот на пумпи за полнење на келиите со хидроген.

 
 
 


Градиште 2008