Многу работа води кон депресија Печати Е-меил
[18-06-2008 | 00:36 часот]
 Најновите истражувања покажаа дека вработените кои работат прекувремено имаат големи шанси да заболат од депресија и аксиозност. Студијата...

 

... која ја водела Elisabeth Kleppa од Универзитетот Берген во Норвешка, утврдила дека луѓето кои работат повеќе од (вообичаените) осум часа дневно, имаат зголемен ризик за развивање на аксиозност и депресија.

Во текот на студиите, научниците на испитаниците им дале да пополнат стандарни тестови со кои може да се открие склоност кон депресија и аксиозност, а тие податоци подоцна се споредувале со податоците за нивните работни места и бројот на часови поминати на работа.

Норвешките научници откриле дека прекувременото работење и депресијата и аксиозноста се во блиска врска кај луѓето од двата пола.

Прекувремената работа кај мажите ја зголемува веројатноста за развој на депресија и аксиозност за 12,5%, а кај жените за 11%.

Истражувањето утврдило дека на заболување од овие две болести се склони и луѓето со пониски приходи и послабо образование.

Научниците за овие резултати, како главна причина ја посочуваат зголемената изложеност на долготраен и константен стрес.

 

 
 
 


Градиште 2008