|
Жените попаметни од мажите? |
|
|
|
[18-06-2008 | 23:37 часот] |
Според истражувањето на Европскиот универзитет во Фиренца, девојките подобро читаат и подобро ги владеат математичките...
... вештини во однос на машките, во земјите каде се рамноправни членови на заедницата. Истражувањето е направено врз повеќе од 276.000 девојки и момчиња на тинејџерска возраст, од околу 40 земји. Во Шведска и Норвешка интелектуалниот капацитет на двата пола е подеднаков, додека во Турција постојат големи разлики, во предност на девојките. Во развиените земји девојките подобро ги владеат математичките вештини во однос на машките, додека во оние помалку развиени земји, подобри се во читањето. Истражувањата покажаа дека со развојот на светот, жените постигнуваат завидни резултати во сите сфери на животот, објави Science. |