Фиќо од четврт милион евра Печати Е-меил
[18-06-2008 | 23:58 часот]
 На хуманитарната аукција која се одржа во Лондон, се постигна еден неочекуван рекорд. На аукцијата беа понудени четири Fiat 500 дизајнирани од сликарката...

... Tracy Emin, со цел да се соберат повеќе пари за здружението за заштита на децата ARK (Absolute Return for Kids).

Еден од уметнички украсените автомобили, постигна цена од неверојатни 250.725 евра, со што стана и најскапо продадениот Fiat 500 на светот.