Женути ги сакаат - мажите ги мразат Печати Е-меил
[19-06-2008 | 00:09 часот]
 Популарниот лајф стајл магазин за мажи - AskMen, состави листа на 17 работи кои жените ги сакаат, а мажите ги мразат. Ние ви ги несиме најдобрите (најлоши) пет...



5. Преноќување

Ништо не може да ја задоволи жената, колку можноста да преспие кај вас и да ви ја згрее постелата.

Жените хрчат, се превртуваат и ви го пореметуваат сонот. Кога таа ќе се рабуди свежа, а вие со црвени очи и ненаспан, тешко е да помислите дека тука се работи за љубов.

4. Семејни собири

Таа ќе биде задоволна и ќе се однесува примерно кога се работи за вашето семејство.

Но мажите изгледа имаат природна аверзија кон собирањето на нејзините многубројни роднини, и седењето на долгите и досадни ручеци и вечери.

3. Цвеќе и чоколадо

Мажите сакаат да имаат големи и конкретни работи, како што е на пример - огромно ЛЦД или плазма телевизор.

Девојките сакаат само непосредност и потврда на вашата љубов. И поради некоја причина, никој неможе да сфати што уствари жените сакаат. Најверојатно тоа е скпак бомбониера и нешто мртва вегетација (може и свеќе).

2. Enrique Iglesias и Justin Timberlake

Во секоја жена се крие тинејџерка. Се што треба, е згоден маж кој ќе ги потрефи високите тонови и ќе се расплаче на сцена.

Ова сигурно не се таленти кои другите мажи ги ценат, што го објаснува непропорционалниот број на жени кои се вбројуваат во фановите на Enrique и Justin Timberlake.

1. Carrie Bradshaw

Се чини дека ликот кој го игра Sarah Jessica Parker во "Сексот и градот" е идол на секоја урбана жена. Таа е духовита, кул и беспрекорно облечена.

Но, и често завршува во кревет со различни мажи, пуши цигари до бесвест и е опседнат мегаломан.

Баш фантастичен пример.