Бактерии кои прават нафта Печати Е-меил
[20-06-2008 | 00:09 часот]
 Компанијата под име LS9 развива едно клеточни бактерии за производство на гориво. Се започнува со индустриски квасец, на кој му е променета неговата...

... DNK за да произведе друг вид на отпад.

Сировата нафта од молекуларен аспект не е далеку од масните киселини кои се производ од квасецот во текот на ферментацијата, така што малата промена на DNK прави - наместо масни киселини, да се произведува гориво, така наречено „Oil 2.0“.

Микроорганизмите можат де се хранат со различни производи, од пченка, бразилска шеќерна трска, калифорниски житни слами до дрвен отпад.

Резултатот е ист, сирово гориво кое е скоро спремно за употреба.

Она што е уште повеќе важно е тоа дека нема негативни последици во поглед на зголемената емисија на CO2, односно поголемо загадување на околината.

Всушност, веројатно ќе помине поприлично долго време додека овој проект влезе во индустриски размери, но идејата не изгледа лошо.