Нова технологија во Opel Insignia Печати Е-меил
[20-06-2008 | 01:10 часот]
 Новата технологија во Opel автомобилите ќе им овозможува тие да "гледаат". Камерата Opel Eye ги следи собраќајните знаци и ја зголемува сигурноста...

 

... во возењето.

Овој систем "два во еден" ќе биде достапен во почетокот на 2009 година, и ќе ги известува возачите за ограничувањата на брзината, и ќе ги предупредува кога ќе излезат од својата лента.

Прво ќе биде достапен во Opel Insignia, а потоа и во другите модели.

"Новиот систем ја следи филозофијата на Opel: возбудливо возење со истовремено помагање на возачите - а да не ја намалува нивната контрола", објаснува Hans Demant, директор на Opel.

"Тоа значи дека уредот на возачот ќе му дава информации, но нема да интервенира."

Камерата е сместена помеѓу ветробранското стакло и ретровизорот, и ги детектира сообраќајните знаци и црти кои ја означуваат сообраќајната лента.

Иако не е поголема од мобилен телефон, може да направи дури 30 снимки во секунда.

Двата процесори со помош на GM софтвер ги филтрираат и отчитуваат снимките.

"Кога работевме на Opel Eye, ги подобривме можностите на составот на завидливо ниво.

На германските автопати, на пример, понекогаш постојат различни ограничувања на брзината за различни ленти.

Opel Eye може да го каже она ограничување кое е моментално, и тоа секој пат без грешка", изјави Christoph Schmidt, менаџер на инжинерската група во оделот на GM Europe Electronics.

 
 
 
Jungle TV