Реакции на организмот при бакнеж Печати Е-меил
[20-06-2008 | 02:10 часот]
 Веројатно не постои личност во светот која не ужива во бакнувањето, било тоа да е нежно сензуално или еротично и страствено... Научниците одлучиле да...

... се позабават со овој проблем и конечно откриле што се случува во нашето тело за време на бакнежот, и зошто се чувствуваме така како што се чувствуваме во тој момент.

Ерупција на хормони

Стручњаците тврдат дека за време на бакнежот крвниот притисок се зголемува, а срцето почнува забрзано да чука.

Се зголемува потрошувачката на калории од една во минута, колку што трошиме додека гледаме ТВ или читаме, на дури 6 калории во минута.

При бакнежот нервите кои се наоѓаат на усните и јазикот забрзано испраќаат сигнали до мозокот каде поттикнуваат цела низа на промени.

Крвта забрзано се движи кон усните, се лачи плунка, хормоните дивеат, а мозокот испушта ендорфин и окситоцин кои се одговорни за чувството на пријатност.

За бакнежот се заслужни 34 мускули

Научниците исто така откриле зошто при бакнувањето ги испакнуваме усните.

Тоа се случува бидејќи за бакнежот е потребна активност на долната вилица и работа на дури 34 мускули на лицето, вратот и главата.

Постојат и повеќе теории зошто се бакнуваме. Фројд вели дека бакнежот е последица од инстинктот кој е за цицање на мајчиното млеко.

Некои антрополози и проучувачи на однесувањето на животните веруваат дека бакнежот се развил од меѓусебното душкање.

Извор: Вечер

 
 
 
Madonna



18 септември - Скопски саем