Најдобра компанија со само 1 авион Печати Е-меил
[21-06-2008 | 00:32 часот]
 Мини авионската британска компанија која во својата флота има само еден авион, прогласена е за еден од четирите најдобри превозници во светот. Компанијата...

 

... Palmair поседува само еден Боинг 737, стар дури 34 години, но според квалитетот на услугите ги престигна топ брендовите како British Airways и Virgin Atlantica.

Оценувањето го спровело Здружението на потрошувачи Which.

Компанијата Palmair е основана во 1957. година кога со изнајмен авион превезувала патници до Мајорка.

Со купување на сопствен авион го зголемија бројот на дестинации, па сега возат на 14 европски дестинации, а меѓу нив и Шпанија, Португалија и Хрватска.

Авионот лета двапати дневно преку лето и еднаш дневно зиме. Во компанијата се вработени педесетина луѓе, 25 како кабински персонал и 25 на уредите.

Посебноста на нивната услуга се крие во тоа што лично ги пречекуваат патниците и се грижат да бидат задоволни со распоредот на седење.

Исто така, стјуардесите секое утро на седиштата на леталото оставаат по еден цвет.

Останатите превозници кои влегоа меѓу првите четири на топ листата се Singapore Airlines, Jet Airways и Air New Zealand.

Еве како изгледа првата бизнис класа во новиот Airbus A380 на Singapore Airlines.

 
 
 
Jungle TV