|
Земјата на слободните, истовремено е и земја на осамените. Околу 25% од Американците немаат кому да му ги доверат своите проблеми. Пред 20 години имале просечно по тројца пријатели, а сега еден помалку. Бројот на Американците без пријатели се удвоил за 20 години...
... доколку се споредат овие податоци со податоците од истражувањето спроведено во 1985 година. Американците во 1985 година имале просечно тројца пријатели на кои можеле да им се доверат. Во истражувањето спроведено пред две години имале само двајца пријатели, додека 25% од испитаниците изјавиле дека немаат никого, кому би можеле да се доверат. Пријателството претставува битна сигурност, без оглед дали станува збор за вонредни или секојдневни ситуации, велат истражувачите.„Тоа се луѓето од кои зависиме, без оглед дали го бараме изгубеното дете или некој кој ќе ни помогне да побегнеме од градот кога доаѓа ураган“, додаваат тие. Според резултатите од истражувањето, овој недостиг на друштвени врски го надоместува семејството - бројот на луѓето кои го навеле својот брачен партнер како единствен човек кому му се доверуваат, се удвоил од 1985 година. Како причина за оваа изолација, испитаниците ги навеле се подолгото време што го минуваат во канцеларија или пак, развојот на комуникацијата преку интернет.„Како и да е, се чини дека Американците денес се послабо поврзани“, се заклучува во ова истражување, кое опфатило 1.500 испитаници. |