|
Навала за претседателски кондоми |
|
|
|
[23-06-2008 | 00:14 часот] |
Еден њујоршки претприемач се одлучи малку да се нашали, и многу да заработи на актуелната трка за претседателски кандидати во САД. Младиот...
... Benjamin Sherman од Менхетен, пушти во производство "претседателска" линија на кондоми со ликовите на Barack Obama и John McCain. Овие посебно дизајнирани кондоми се направени кампањски, и им испраќаат интересни пораки на оние кои ќе се решат да ги користат. Кондомите со ликот на Obama ја носат пораката "Употребете ги со добро проценување", додека на оние на McCain пишува – "Стар, но сеуште вреди"! Цената на едно пакување на претседателските кондоми e 9.95 долари, а Sherman објави дека по големата навала, првите залихи се веќе продадени. Убава идеја за наше поднебје иако малку закасни. Интересно ќе беше на нашиот пазар да се појават кондоми со Грујо или Шеќеринска. Сигурно ќе имаше добар фидбек од граѓаните!  |