|
Ајфеловата кула ќе "поплаве" |
|
|
|
[23-06-2008 | 00:52 часот] |
Почетокот на своето шестмесечно претседување со ЕУ, Франција ќе го обележи така што ќе ја обои Ајфеловата кула во сино со жолти ѕвезди, според...
... знамето на Унијата. Кулата висока над 300 метри, најпознат француски споменик, ќе биде сина со голем круг жолти ѕвезди, почнувајќи од 30 јуни кога и започнува француското претседателство со Унијата. Осум огромни проектори на земја, и стотина на самата кула ќе бидат задолжени за специјалниот ефект. Стандарното ноќно осветлување на кулата од 1985 е портокалово - златно, но необично осветлување и досега е користено за обележување на посебни прилики како што се почетокот на новиот милениум, кинеската Нова година (2004) или Светскиот куп во рагби во 2007 година...  |