Добрите момци тоа го знаат, жените тоа го знаат, а сега истото го потврди и науката - лошите момци имаат повеќе симпатии од спротивниот пол. Откритијата...
... на оваа научна студија им помогнале на научниците да објаснат зошто антисоцијалните особини опстоиле во човековата популација, и покрај тоа што се културошки и социјално штетни. Особините како нарцизам, импулсивност, потрага по возбуди и бесчувствителноста во екстремни облици се штетни за човековото општество, а личноста која ги поседува ризикува да биде (или е) "жртва" на законите. За подобар секс треба да се биде лош Мала доза на злоба може да му овозможи на мажот богат и исполнет сексуален живот, смета научникот Петер Џонасон. Истражувањето спроведено на 200 студенти покажало дека мажите кои имале изразени "мрачни особини", имаат повеќе сексуално искуство, поголем број на партнерки и склоност кон краткотрајни врски. Сепак, научниците нагласуваат дека поврзаноста со мрачните особини и богатиот сексуален живот важат само за машкиот пол. Правило кое важи во сите култури Петер Џонасон тврди дека одличен пример за таков маж е Џемс Бонд. Непријатен, екстравертен и сака да испробува нови работи, убива луѓе и заведува жени. Токму поради овие особини ваквите мажи опстанале во текот на еволуцијата, бидејќи дури и да не се грижат за своите потомци, успеале да ги пренесат своите гени на наредните генерации. Според истражувањето, овој заклучок важи за мажите од сите култури. |