Плоштадот "Македонија" вечерва ќе биде местото каде нашите најпопуларни изведувачи ќе ја промовираат македонската...
... песна. Журката почнува во 21 часот, а со големиот концерт посветен за Македонија, финишира проектот "Македонија засекогаш", кој ги собра најголемите домашни музички имиња да препеат стари македонски песни. Соња Тарчуловска, Калиопи, Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Каролина, Ламе Алабакоски, Синтезис, Тамара, Дарио, Јован Јованов се само дел од имињата што испеаја преработени македонски песни со нови аранжмани, се најдоа на ЦД-то "Македонија засекогаш", а вечерва ќе бидат и на плоштадот. Ќе се отпеат 14 песни и тоа: "Земјо Македонска", "Дафино вино црвено", "Јовано, Јованке", "Послушајте патриоти", "Море сокол пие", "Калино моме"... Целта на овој проект на Агенцијата за спорт и млади е оживување на старите македонски патриотски и љубовни песни. ЦД-то вечерва ќе биде бесплатно делено, а песните може да се симнат и од интернет страницата. www.makedonijazasekogash.com.mk |