|
Ако продолжиш - ќе умреш |
|
|
|
[23-06-2008 | 15:31 часот] |
На Amy Winehouse конечно и е испорачана дијагнозата. Таа има заболување на белите дробови emphysema, и ако продолжи со дрогата - ќе умре...
Ова е пораката од докторите која ја добила Ејми, а ја изведе во јавноста нејзиниот татко Мич. Утеха во несреќната дијагноза е тоа што болеста е во почетна фаза, и Ејми може сеуште да користи 70% од белите дробови. Пресудно во наредниот период е водењето здрав живот, и "заборавање" на дрогата и цигарите. Таткото Мич при објавувањето на веста за дијагнозата, упати искрен апел до дилерите да ја одбиваат неговата ќерка ако им побара дрога, бидејќи најверојатно - следниот таков подег ќе биде фатален.  |