Lagerfeld за сообраќајна безбедност Печати Е-меил
[23-06-2008 | 23:25 часот]
 "Жолт е, грд и не одговара со ништо. Но, може да ви го спаси животот", порачува славниот моден дизајнер Karl Lagerfeld на новиот џамбо плакат на француското...

... министерство за внатрешни работи - одел за сигурноста на патиштата.

Француските возачи се помеѓу најдивите во Европа и генерално ги игнорираат мерките за сигурност на улиците.

Министрите на Саркози се одлучиле да се свртат кон модата, со надеж дека на тој начин ќе ја зголемат свеста кај сите учесници во сообраќајот.

Елеците за заштита биле задолжителни и порано, но полицијата од 1-ви јули повеќе нема да го толерира одбегнувањето.

Lagerfeld изјави: "Одсекогаш сум сметал дека Французите не ги носат тие елеци бидејќи не се шик", но во името на сигурноста, без двоумење ја прифатив понудата да бидам модел на ваквиот "грд детал".