За резултат - насмевка и допир Печати Е-меил
[23-06-2008 | 23:32 часот]
 Некои мажи се потпираат на стари фрази, додека други се надеваат дека добриот изглед ќе го направи своето. Меѓутоа, кога сакате "да и паднете...

... во очи" на некоја жена, ништо не може да се спореди со искрена насмевка и нежен допир.

Новото истражување на научниците од Универзитетот во Aberdeen покажува дека сосема едноставни работи, како нежниот допир врз женската рака, може значително да ги зголеми љубовните шанси на мажите.

Воедно, две третини од жените прифатиле да танцуваат со мажи кои ги допирале по раката само секунда или две, додека "молеле" за танц, но истите мажи лошо поминале кога своите раце ги држеле крај телото додека разговарале со испитаничките.

Нежен и одвај приметлив машки допир, направило жените со задоволство да го дадат својот телефонски број, а научниците ова откритие го објаснуваат со став дека допирите ги прават мажите доминантни, па така и многу попривлечни.

Оние кои никако неможат да соберат храброст и полека да ја допрат жената, би требало барем да се насмевнат.

Според резултатите на новата студија, добро насочен поглед со искрена насмевка. прави таа личност да е дури до осум пати попривлечна.

"Здравата кожа исто така е многу  важна, затоа што таа се сваќа како индикатор за целовкупното здравје.

Начинот на живот може да помогне во подобрувањето на здравјето на кожата, особено здравата исхрана, постојана хидратација, доволно сон и одбегнување на цигарите", објаснува предводникот на истражувањето Ben Jones.

 

 
 
 


Градиште 2008