Новите сознанија покажаа дека тинејџерите кои за себе мислат дека се дебели, живеат полошо од нивните врсници кои навистина имаат проблем со вишокот..
... на килограми. Научниците од институтот Robert Koch во Германија, направиле истражување на преку 7000 момчиња и девојчиња на восраст од 11 до 17 години. Психолозите со нив разговарале за сликата и доживувањето кои тие го имаат за себе. Се покажало дека, иако околу три четвртини од испитаниците биле со нормална тежина, дури 55% од девојките и 36% од момчињата се сметале себе си за предебели. Само 18% од нив навистина имале проблеми со прекумерната телесна тежина, а 7-8% имале премала телесна тежина. Квалитетот на живот е послаб кај децата со прекумерната тежина. Сепак, на тоа во голема мера влијае и сликата за самиот себе. Ако адолесцентот за себе мисли дека е предебел, неговиот квалитет на живот слабее, без оглед на неговата вистинска телесна тежина. Во последните неколку години рапидно расте бројот на адолесценти кои се сметаат себе си за дебели, посебно ако се спореди со степенот на вистински раст на (физичка) дебелината меѓу таа популација. Психолозите тврдат дека тинејџерите се пред голем друштвен притисок дека мораат да бидат слаби, а тоа понекогаш доведува до психолошка опседнатост која нема врска со реалноста. |