|
Најголемиот крстосувач на светот |
|
|
|
[23-06-2008 | 23:55 часот] |
Во тек е градењето на најголемиот брод за крстарење во светот под име "Oasis of the Seas", а замислен е како прав мал патувачки град во кој нема да фалат...
... трговски центри, барови и ресторани, а на патниците им е на располагање и надворешен амфитеатар, голем колку фудбалски стадион! Оваа 220.000 тони тешка и 330 метри долга структура ќе има неверојатни 16 патнички палуби, а трошоците околу градењето изнесуваат околу 772 милиони евра. Најголемиот брод за крстарење во светот моментално се гради на бродоградилиштето Акер во финскиот град Турку, а на првото патување од Флорида до Канарските острови, треба да се упати веќе кон крајот на следната година. Проектот најпрво го носел името Project Genesis, а минатиот месец го добил конечниот назив "Oasis of the Seas". Наскоро треба да започне и изградбата на сестринскиот брод "Allure of the Seas". Еве дел од проектот, како ќе изгледа најголемиот крстосувач на светот. 



 |