Нездава исхрана - лош секс Печати Е-меил
[23-06-2008 | 23:59 часот]
 Дали вашиот сексуален живот е во криза? Во најновото истражување направено во Велика Британија е откриено дека причината за тоа најверојатно се...

... крие во слабата и нездрава исхрана, односно стресниот стил на живот!

Третина од британските испитаници одговориле дека се чувствуваат преморени за секс, откако одреден период е се исхранувале со нездрава храна, пренесува The Sun.

''Секој се чувствува попривлечно кога е здрав'', вели Amanda Ursell, нуртиоцинист од Fit Squad.

За да повторно се распалат страстите во спалната соба, Ursell советува одвикнување од претераното конзумирање на колачи, бисквити и калорични пудинзи.

Паровите би требало да избегнуваат јадење навечер и одење во кревет со полн желудник, затоа што така телото ќе биде преоптоварено со варењето на храната, а апетитот за ноќни активности ќе биде на минимум.

Исто така Ursell препорачува избегнување претерана конзумација на кафе и чај.

Што се однесува до алкохолот, клучот е во умереноста - тој е добар за содавање на расположение, но преголема конзумација ќе има сосема спротивен ефект.

За да ја избегнете напнатоста, намалете ја исхраната која содржи зелка, лук и печен грав!