Пронајден лек против срамежливост Печати Е-меил
[24-06-2008 | 23:13 часот]
 Американските научници објавија дека е пронајден "лек" против срамежливоста, кој ќе биде наречен "друштвена вијагра". Лекот ќе биде базиран на окситоцин...

... хормон кој ја намалува анксиозноста и фобиите. Овој хормон исто така им помага и на оние кои се борат со аутизмот.

Истражувањето било спроведено на стотина пациенти, кај кои бил тестиран хормонот окситоцин, при што е донесен заклучокот дека окситоцинот ја ублажува анксиозноста кај луѓето и на тој начин тие полесно стапуваат во контакт со другите луѓе.

Значајно е да се истакне дека овој лек нема никакви нус ефекти, и не создава зависност.

Во текот на истражувањето, научниците преку окситоцинот успеале да ги намалат симптомите на срамежливост кај 120 пациенти.

"Многу е веројатно дека поголемото ниво на  вродениот окситоцин, покрај "отвореноста" влијае и на љубезноста кај луѓето", објасни професорот Paul Zack.