Во предгадието на градот на тероризмот во кој се војува со децении еден ресторан за брза храна на интересен начин привлекува гости. На периферијата...
... на Бејрут, уреден како воена база и со амбиент на покотници од гранати и куршуми, сосптвеникот Yusuf Ibrahim ќе ви ги понуди локалните специјалитети со звучни воени имиња. Така, пилешко на либански начин се вика "ракетен проектил", а со тоа се служи и "терористички леб". "Не обвинуваат за тероризам, па зошто да не служиме терористички леб?", изјави Ibrahim за Hezbollah TV. Меѓу специјалитетите на ресторанот се и Калашников, Драгунов, Випер, В52... Ѕидовите на ресторанот се украсени со оружје и гранати, а во истиот дух е направено и менито. Ресторанот "Buns and Guns" (со мото: Сендвичот може да ве убие!) се наоѓа во реон кој е контролиран од Hezbollah. "Привлекувам гости на неконвенционален начин. Сакав луѓето да се насмеат пред да почнат да поставуваат прашања за оружјето и проблемте во градот.", изјави Ibrahim за медиумите. 
|